Младен Милинковиќ – Будуќност: Струга ТЛ има квалитет, на првиот меч неколку нејзини играчи одиграа на врвно ниво!

128

Утре во Подгорица, со почеток од 21 часот се игра реваншот од двомечот меѓу Будуќност и Струга ТЛ во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Во пресрет на утрешниот дуел, денеска на прес свое видување за тоа што претсои изнесе Младен Милинковиќ, стратегот на Будуќност.

Многу важен натпревар за сите нас кои сме во клубот. И по првиот меч во Охрид јас истакнав дека ние се уште се надеваме дека можеме да минеме во следното коло. Тие 0:1 ни даваат надеж за такво нешто. Се знае, ние мораме да постигнеме гол утре вечер на реваншот како би го израмниле севкупниот резултат, а за потоа ќе видиме. Потребно е трпение, Струга ТЛ има квалитет, на првиот меч неколку нејзини играчи одиграа на врвно ниво“ истакна тренерот на првакот на Црна Гора.

Да потсетиме првиот меч во Охрид заврши со победа на нашиот тим од 1:0.

ПретходноМанчестер Јунајтед го потпишува најскапиот договор во историјата на Премиер лигата, клубот ќе добие 900 милиони фунти
СледноКапитенот со стил по победа и во Астана!