Вечерва Струга ТЛ на Градскиот стадион во Подгорица, го оработи тренингот во пресрет на утрешниот дуел со Будуќност. Играчите на нашиот шампион го почуствуваа теренот каде што утре вечер од 21 часот ќе одат на победа, посакуваат да изборат пласман во следната фаза од квалификациите во Лигата на Конференции.
Да потсетиме, во Охрид беше 1:0 за нашиот шампион.
Интересно е да се каже дека немаше прес на Струга ТЛ. Веројатно станува збор за пропуст на организаторот на овој натпревар, на ФК Будуќност.