ПСЖ го направи потегот, зборовите на Чави „паѓаат“ во вода

535

Иако пред само два дена Чави Хернандез изјави дека Осман Дембеле е среќен во Барселона и засега нема најави за негово заминување, сепак баш после дуелот со Реал Мадрид се случи она што веќе беше најавено.

ПСЖ ја активираше откупната клаузула на францускиот фудбалер која до крајот на овој ден изнесува 50 милиони евра, додека од следниот месец таа е 100 милиони евра, тврди специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.

На Дембеле му остана уште година дена од договорот со Барселона, па за Каталонците ќе биде подобро да го продадат сега во случај да не сака да ја продолжи соработката.

Ако францускиот фудбалер отиде во редовите на ПСЖ за 50 милиони евра, половина од парите ќе бидат за Барса, додека половина за неговиот менаџер.

Со овој потег францускиот првак испрати порака дека повеќе не смета на Килијан Мбапе.

ПретходноКристал Палас го купи Матеус Франса од Фламенго (ВИДЕО)
СледноКалин Ивановски со пад од едно место на АТП-листата, се „топи“ разликата меѓу Алкараз и Ѓоковиќ!