Скандал: За кого ФФМ и УЕФА градат…еве како изгледа(л) теренот на “Билјанини Извори“!

5028

 

Скандал! Невиден скандал во Охрид. Погледнете само како сега изгледа теренот на СРЦ“ Билјанини Извори“ во Охрид по сите оние силни концерти на Лукаси и слични во изминатите денови. Лево погледнете само како изгледа теренот и стадионот воопшто кога Струга ТЛ играше европски натпревари со Жалгирис и Будуќност, терен за мерак, а погледнете сега како изгледа теренот со сиот оној смет на него.No description available.

Жалосно. Не знаеме да си го чуваме тоа што е добро, а во недела веќе стартува фудбалската сезона во ПМФЛ и на овој стадион и тоа како ќе се играат многу важни фудбалски натпревари..,

За ова некој треба да одговора, и тоа како да одговара. Кој дозволил ова да се случи?

Прашањето е за кого ФФМ и УЕФА градат? Прекрасен терен, убава, нова, модерна трибина, со уживање да дојдеш на стадион и да ја гледаш Струга ТЛ во Европа ова лето. А сега видите што се случува.

Ова само кај нас е можно, само кај нас.

Видете, и во другите земји, на големите стадиони се одржуваат мега – концерти, но теренот се заштитува. И утредента се е ок.

А, кај нас?

Погледнете само….зарем треба уште да се пишува и детализра.

СРАМНО…

ПретходноЧервар: Не можев да прифатам дека сакаа да ме минимизираат!
СледноВардар потпиша со Косуке Јасухира од Јапонија