Стојановиќ: На овие деца не смееме да им ставаме голем товар!

139

Македонската кадетска ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Светското првенство кое ќе се одржи во Хрватска. Предводникот Раде Стојановиќ и неговите момци ќе играат во група со Норвешка, Црна Гора и Грузија, а голем хендикеп ќе биде повредата на Димитар Узунчев.

Стојановиќ е задоволен од она што го работеа во изминатиот период, потенцира дека на ракометарите не треба да им се става дополнителен товар бидејќи тие за првпат ќе бидат на едно вакво големо натпреварување.

„Можам да кажам дека сме задоволни од пристапот на играчите. Подготвени сме за овој Мундијал, иако со оваа генерација ќе ни биде првпат. Ќе следуваат и многу други големи турнири, догодоина имаме настап и на Европско првенство. 

На овие деца не смееме да им даваме товар. Доаѓаме од Б шампионат, па момчињата немаат почувствувано товар на ваквите натпреварувања. Голем хендикеп ни е повредата на Димитар Узунчев. Доколку беше тој тука, ние како тим ќе се подготвувавме за подобар пласман. Ќе дадеме максимум, за нас секоја победа е успех бидејќи децата може така да растат. Секој триумф е искуство, јас со оваа генерација ветувам дека во наредните години можеме до добар пласман, ама сега е рано да се постави товар на оваа генерација“, изјави Стојановиќ.

Македонија е во групата Ф, во Риека, а прв противник ќе биде селекцијата на Норвешка, мечот се игра на втори август.

ПретходноМЗТ Скопје потпиша двајца Американци
СледноНов македонски рекорд во скок во далечина за Андреас Трајковски