Шок за Модриќ и Реал: Адидас “десетката“ ја бара за Мбапе!

1038

Иако уште ништо не е готово во врска со трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, сепак тоа е прашање на час или ден. Познато е дека Флорентино Перес сака по малку да прави и драми околу ова, така да нема сомневање дека Мбапе во за неколку дена и официјално ќе биде промовиран како нов член на “кралевите“.

Но најново е тоа што Адидас, спортскиот бренд кој со години го “облекува“ Реал Мадрид испратил шокантно барање до клубот, но и до Лука Модриќ.

Имено се бара тие да му го предадат дресот со бр.10 на Мбапе со оглед на тоа дека “десетката“ на Реал со Мбапе многу подобро би се продавала.

Секако дека за ова се прашува и Хрватот, кој со години го носи бр.10 во Реал Мадрид.

ПретходноБесарт Кривањева: Струга ТЛ и во Подгорица ќе игра офанзивно и на гол повеќе!
СледноПромоција: РК Алкалоид ги претстави Велковски, Стојчевиќ, Бинго и Ромеро! (ФОТО)