Бешикташ го потврди Анте Ребиќ

79

Тимот на Бешикташ предмалку потврди дека негов нов член е хрватот Анте Ребиќ. По четири години минати во Милан, напаѓачот си оди од Милано и заминува во Истанбул.

МИлан по секоја цена сакаше летово да се ослободи од Ребиќ затоа што за него повеќе немаше простор во тимот, па тој не ни отпатува во САД на подготовки со екипата.

Долго време се преговараше околу неговиот трансфер во Бешикташ, а сега истиот е финализиран.

Ребиќ потпишува договор до летото во 2025 година.

ПретходноКако гневните реакции на Новак делуваат кај Иванишевиќ
СледноНишто ново, Ферланд Менди повторно се повреди