Вардар потпиша со Косуке Јасухира од Јапонија

345

Откако мина една недела како дел од тренинзите на РК Вардар, интернационалецот од Јапонија, Косуке Јасухира и официјално потпиша едногодишен договор со клубот.

Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а Вардар ќе има приоритет доколку сака да го откупи неговиот договор. Тој е првиот Јапонец што ќе биде дел од Вардар.

Доаѓа од полска Висла Плоцк каде лани настапуваше и беше пријавен и за Лигата на Шампионите. Не доби голема минутажа поради големиот број на играчи што настапуваа на таа позиција. Претходно играше и за француски Ник, и во имаше натпревари и од Лига Европа.

Потекнува од јапонскиот Нипон Универзитет, игра на позицијата среден бек, поседува брзина и експлозивност. Веќе цела седмица тренира со Вардар, прво во Скопје а сега и во Маврово и веќе се вклопува во екипата.

ПретходноСкандал: За кого ФФМ и УЕФА градат…еве како изгледа(л) теренот на “Билјанини Извори“!
СледноРед Бул Салзбург има нов тренер