Ди Мариа ја отвори душата, низ солзи зборуваше за „пеколните“ денови (ВИДЕО)

555

Ди Мариа зад себе има сезона со многу падови и подеми, но на крајот успеа да го оствари својот сон – да го освои Светското првенство со Аргентина. Пред да се искачи на тронот со „гаучосите“, тој беше на удар на тамошната јавност, беше посочен како еден од главните виновници за голем дел од неуспесите.

„Мајка ми постојано ми велеше: Зошто постојано патиш поради критиките? Сепак тоа се промени, јас им ја пружив најголемата радост. Станав светски првак со репрезентацијата на Аргентина“, раскажа Ди Мариа.

Тој не се воздржа и ја раскажа целата сага низ која минувал…

„Најмногу ме повредија критиките кои не доаѓаа од спортот. Моето семејство постојано ги слушаше тие работи, патев поради некои луѓе“.

Додека говореше на оваа тема Аргентинецот мораше да го прекине интервјуто за да ги избрише солзите, покажа дека некои рани и натаму не се затворени.

„Финалето беше единствен меч во мојата кариера во кое не барав ништо, без задоволен што го живеам тој момент“.

Тој претходно беше јунак на својата земја, благодарение на неговиот погодок ја освоија Копа Америка, но секако освојувањето на Светското првенство било многу поемотивен момент.

ПретходноНов македонски рекорд во скок во далечина за Андреас Трајковски
СледноIN MEMORIAM (1939 – 2023) Ѓорги Гроздановски – Моцарт