Официјално: “Шверцери“ нема да патуваат во Софија!

633

Како што и се најавуваше и очекуваше. Имено фановите на Шкупи нема да патуваат во Софија на реванш средбата мешу Левски и Шкупи, која се игра в четврток.

Ова попладнево како информација го сподели и клубот од Чаир откако денеска претставници на Шкупи имале состанок со претставници на УЕФА и претставници на МВР на нашата земја.

Кажано е дека, поради се она што се случуваше во Скопје, не смее да има фанови на нашиот евро – претставник во Софија па дури и да имаат билети тие нема да се пуштаат на стадион. Исто така нема да има ниту посебен сектор за гостински навивачи.

Со оваа одлука биле запознаети и самите навивачи на Шкупи.

ПретходноКапитенот со стил по победа и во Астана!
СледноБесарт Кривањева: Струга ТЛ и во Подгорица ќе игра офанзивно и на гол повеќе!