Попладнево во Охрид, во пријателски меч, Воска Спорт успеа со 1:0 да слави над косовскиот тим Фуше. Стрелец на голот беше Сикиру Олатунбосун, напаѓач од Нигерија во 43.минута. Ново име во тимот кој дојде во летниот преоден рок.
Инаку Воска Спорт следниот викенд ќе го има и своето деби во нашата елитна лига, ќе игра дома против Шкендија во меч од 1.коло во ПМФЛ за сезоната 2023/24.