Потресни, шокантни сцени на тенискиот турнир во Вашингтон. Имени кинескиот тенисер Јибинг Ву мораше да го предаде мечот против Јосекуи Ватануки од Јапонија откако претходно колабираше.
Ву имаше предност од 4:1 во гемови во првиот сет, тогаш отиде до својот стол за време на паузата и ненадејно падна. Едноставно колабираше.
Откако му беше дадена прва помош тој сепак не успеа да го продолжи натпреварот. Интересно е тоа што и во минатото ова му се случувало на Ву, така да колабира среде натпревар.
Yibing Wu was leading Watanuki 4-1, but collapsed in Washington.
He was forced to retire from the match.
This is something you never want to see.
Send him your prayers. 🙏🏼
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) July 31, 2023