Помина полноќ, Килијан Мбапе се уште е играч на ПСЖ!

241

Килијан Мбапе се уште е играч на ПСЖ. Ова е многу важно за расплетот на најголемата и најскапата трансфер сага во историјата. Заврши рокот што ПСЖ го постави за нивната најголема и најплатена ѕвезда да го продолжи договорот со клубот.

Мбапе сега и официјално останува во ПСЖ најдоцна до следното лето. Конкретно, во договорот има клаузула дека само Мбапе може да го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година. Со оглед на тоа што тој одбил затоа што сака само да оди во Реал, договорот на Мбапе со ПСЖ сега и официјално завршува на 30 јуни следната година. Ова значи доколку го одработи договорот со ПСЖ, следното лето без обештетување ќе се пресели во Реал.

Ова не е крајот на страшните вести за ПСЖ. Тоа што не успеа да го продаде на Реал пред полноќ на 31 јули значи дека се активира уште една и крајно иронична клаузула. ПСЖ сега мора да му плати на Мбапе бонус за лојалност од 40 милиони евра до септември, односно до крајот на преодниот рок.

Доколку Мбапе остане во ПСЖ по завршувањето на летниот преоден рок, што ќе биде против неговата волја, а ПСЖ и Реал не постигнат договор, парискиот клуб мора да му плати уште 40 милиони евра бонуси за верност, до вкупна сума од 80 милиони евра.

Но, дури и ако Мбапе денеска потпише за Реал, ПСЖ мора да му ги плати првите 40 милиони евра бонус за лојалност. Едноставно затоа што остана играч на ПСЖ и по 31 јули.

Реал Мадрид е подготвен да понуди 225 милиони евра, додека ПСЖ бараше 250 милиони.

ПретходноШпетим Дуро: Струга ТЛ има позитива, очекувам добар настап на својот тим и вечерва!
СледноБаерн Минхен руши рекорди за Кејн – испрати трета понуда!