Фудбалерките на Соединетите Американски Држави се пласираа во нокаут фазата на СП кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд откако одиграа без голови против Португалија. Холандија славеше со 7:0 над Виетнам и го освои првото место во групата Е, а САД со една победа и две ремија го освои второто.
Во директниот дуел за пласман во нокаут фазата САД повторно одигра слабо против Португалките, а лесно можеа да бидат елиминирани затоа што стативата ги спаси во финишот на мечот.
Како и да е, САД, кој ја брани титулата, се пласира во осминафиналето, а таму ќе има сериозна задача затоа што за противник ја има Шведска.