Баерн Минхен руши рекорди за Кејн – испрати трета понуда!

309

Баерн не се откажува од доведување на Хари Кејн. Откако лондонскиот клуб одби околу 93 милиони евра, што беше втора понуда, Баерн подготви и трета. Тоа е рекордна висока за германскиот клуб и изнесува 100 милиони евра, пишува Дејли Мејл.

Најскапиот играч кој Баерн го купил претходно е Лукас Хернандез, кого го донесе во 2019 година од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра. Тие се подготвени да издвојат многу повеќе за играч кој неодамна го прослави својот 30-ти роденден и е под договор само уште една сезона. Дејли Мејл наведува дека Тотенхем би можел да ја прифати понудата.

Кејн постигна рекордни 280 голови на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари. Се очекува Баерн доколку се договори за трансфер со Тотенхем, на Кејн да му понуди четиригодишен договор. И покрај одличната голгетерска кариера, Кејн досега нема освоено ниту еден тимски трофеј.

ПретходноПомина полноќ, Килијан Мбапе се уште е играч на ПСЖ!
СледноДодека Дембеле „чекал лет“ за Париз, неговиот менаџер направил неочекуван потег!