Боби Митев е нов тренер на шампионот на Азербејџан!

369

Македонскиот стратег, Боби Митев по кратка пауза ја продолжува својата интернационална кариера. Првакот на Азербејџан, Сабах е новиот предизвик за Митев, кој речиси голем дел од својата кариера ја мина во странство.

Раководството на клубот во македонскиот стратег гледа соодветно решение за тренерската позиција не само за одбрана на титулата туку и за успешен настап во квалификациите во Лигата на шампиони на ФИБА.

Митев во својот стручен штаб за помошник ќе го има Никола Божиновски од Академија ФМП.

Македонскиот стратег кратко се врати во Македонија, беше тренер на Ангели, а потоа работеше со младите школи на Феникс. Во својата кариера долго време соработуваше со Сашо Филиповски како негов помошник, последен клуб кој македонскиот тандем го водеше беше Партизан.

Токму интернационалното искуство беше пресудно за да првакот на Азербејџан тргне во преговори со Митев. Од македонските тимови беше тренер и асистент во МЗТ Скопје, го предводеше Кожув и Карпош Соколив, а во периодот од 2001 до 2003 година беше тренер на женскиот тим Компрад.

ПретходноДодека Дембеле „чекал лет“ за Париз, неговиот менаџер направил неочекуван потег!
СледноИграше за Шкупи, а сега потпиша за Нант за два милиони евра!