“Бомбоњера“ го расплака Кавани (ВИДЕО)

231

Уругвајскиот напаѓач важи за клучно засилување за аргентинскиот гигант во борбата за Копа Либертадорес и аргентинскиот шампионат, а пречекот што го доби на култниот стадион го расплака.

Бока во саботата објави дека 36-годишниот уругвајски репрезентативец потпиша договор со важност од 18 месеци.

Кавани го носеше дресот со број 10 кој некогаш беше единствениот број на Диего Марадона.

„Ова е голема емоција. Кога имав 12 години, бев таму каде што сте вие и почувствував желба да бидам баш тука“, им порача Кавани на навивачите и додаде: „По толку многу години каде фудбалот ми даде по малку од се, сум на местото каде уживам со своето семејство“.

Напаѓачот настапуваше за Уругвај на последните четири изданија на Светското првенство. За репрезентацијата постигна 58 гола на 136 настапи.

Кавани во својата богата кариера настапуваше за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Валенсија…

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА во јули им исплати на играчите фантастични 26 541 972,00 денари
СледноСтојановиќ поведе 17 ракометари за Ријека!