Екипата на Рома е пред комплетирање на трансферот на португалскиот интернационалец Ренато Санчез. Офанзивецот во моментов е член на тимот на ПСЖ, а веќе и лично разговарал со Жозе Мурињо околу неговиот трансфер во Рим.
Трансферот на Ренато Санчез се очекува да биде финализиран во наредните денови, а фудбалерот е убеден во проектот на клубот од Рим. Добрите односи меѓу сопственикот на Рома Ден Фридкин и претседателот на францускиот гигант Насер Ал-Хелаифи се клучни за реализацијата на зделката, се вели во текстот на Газета Дело Спорт.
Санчез имаше лош период во кариерата кога беше дел од тимот на Баерн Минхен, каде тотално се загуби и дури падна и на психолошки план. Сепак, со еден од најголемите таленти на португалскиот фудбал, сега се е во ред.