Додека Дембеле „чекал лет“ за Париз, неговиот менаџер направил неочекуван потег!

1043

Познато е дека ПСЖ покажа огромен интерес за доведување на Дембеле со кого веќе ги договорија условите за петгодишен договор, а се очекуваше до полноќ да ја активираат откупната клаузула од 50 милиони евра, но тоа не се случи.

Сега ситуацијата драстично се менува во корист на Барселона бидејќи од полноќ откупната клаузула на Дембеле е двојно повисока, а ПСЖ може да го доведе за 100 милиони евра, што секако не беше план на овој клуб.

Дембеле вчера наутро се согласил на договорот што го понудил ПСЖ и бил сигурен дека ќе биде играч на тој клуб до крајот на денот, но според шпанските медиуми, целата работа ја „закочил“ неговиот агент Сисоко. Причината е тоа менаџерот на францускиот фудбалер би заработил многу помалку, најголем дел од парите ќе треба да ги даде за плаќање данок во Шпанија.

Поради ова, Сисоко, наводно, имал проблем да ги заврши документите пред полноќ, а кога истекол рокот, тој веднаш тргнал во акција. Единствен начин да заработи повеќе е ПСЖ да не ја активира откупната клаузула на Дембеле, туку да преговара за нова цена со Барселона и во тој случај неговиот бонус би бил многу поголем.

Сега каталонскиот клуб е во многу подобра позиција бидејќи може да бара повеќе од 50 милиони евра, а им помага и фактот што Дембеле веќе се договорил со парижаните.

ПретходноБаерн Минхен руши рекорди за Кејн – испрати трета понуда!
СледноБоби Митев е нов тренер на шампионот на Азербејџан!