Екс-репрезентативецот на Англија најде клуб – по 17 месеци пауза пак во „акција“

374

Поранешниот англиски репрезентативец Андрос Таунсенд има нов клуб. Тој го мина пробниот период во Барнли и ќе потпише договор со повратникот во Премиер лигата предводен од Венсан Компани.
Таунсенд е без клуб од крајот на минатата сезона откако му истече договорот со Евертон, а ја пропушти речиси целата сезона поради повреда. По 17 месеци тој одработи 90 минути на пријателскиот меч меѓу Барнли и Бенфика и го импресионираше Компани.
Тој претходно беше дел на уште неколку пријателски средби на Барнли што беше доволно за клубот да му понуди договор. Таунсенд има 13 мечеви за Англија, а играше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас…

ПретходноФабињо им се придружи на Бензема и Канте во Ал Итихад
Следно“Флекс Кредит ја оддржа III-тата Национална Трговска Конференција”