Македонската репрезентација до 19.години активно се подготвува за претстојните квалификациски предизвици есенва и среде лето. Нема одмор за нашите млади фудбалери кои на 12 односно 14 август ќе одиграат две контролни средби на домашен терен со соодветната селекција на Грузија.
Составот за кој што ќе се одлучи селекторот Тони Јакимовски во моментов ќе се состои од претежно домашните играчи, додека оние кои настапуваат во странство, повеќето се под знак прашалник поради подготовките по клубовите.