Александар Митровиќ дефинитивно нема да го носи дресот на Фулам следната сезона. Србинот не замина за Саудиска Арабија, пропадна таа опција за него, а тој и натаму не тренира со екипата. Едноставно има намера да го замени Фулам со клуб кој ќе има поголеми амбиции, и кој ќе му понуди секако поголема плата. Истата не му е обезбедена на „Крејвен Котиџ, па Митровиќ е се подалеку од таму.
Интер е клубот кој што планира да ја искористи оваа ситуација, и подготвен е да плати околу 35 милиони евра. Во Милано останаа без класичен шпиц затоа што Лукакус е врати во Челзи, а Един Џеко отиде во Фенербахче.
Па така, просторот за Митровиќ е отворен и мора Фулам и Интер да се договорат како тој да премине на “Џузепе Меаца“.