Момент за историја за Струга ТЛ: Да се помине Будуќност за што подолго европско лето!

270

Оваа 2023 година засекогаш ќе ја паметат во редовите на Струга ТЛ. По само осум години постоење, стружани за првпат станаа шампиони на Македонија, за првпат играа во финалето во Купот, за првпат успеаја да победат на еден натпревар во фудбалска Европа и сега за првпат имаат голема шанса да минат едно натпреварувачко коло.

Вечерва во Подгорица нашиот претставник му гостува на Будуќност. Ова е реванш меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Првиот во Охрид, одигран минатата недела заврши со триумф на стружани со 1:0, а според играта и шансите требаше да биде најмалку 3:0 или 4:0.

Сепак предност си е предност, и Струга ТЛ со големи амбиции влегува на вечерашниот реванш. Токму затоа велиме дека пред Струга ТЛ е момент за историјата.

Посебно ако се знае дека, ако го мине Будуќност, во следната трета квалификациска рунда ќе има за ривал, ТНС (Велс) или Есперанж (Луксембург), кој може да се мине, па ете ја Струга ТЛ во плеј – офот во ЛК. Значи за стружани ќе претстои долго европско лето.

May be an image of text that says 'UEFA EUROPA CONFERENCE LEAGUE" FK BUDUĆNOS 1925 20 STRUGA TRIM & LUM CITYSTADIUM CITY STADIUM PODGORICA 21:00 #FORCASTRUGA #WEARESTRUGA'

Но, за тоа потоа. Мора вечерва, инаку мечот на стадионот во Подгорица започнува во 21 часот а го суди Дејвид Монро од Шкотска, да се мине шампионот на Црна Гора. А Струга ТЛ уште во Охрид покажа дека може да ја мине оваа пречка.

БУЊАМИН ШАБАНИ: МНОГУ ВАЖЕН МЕЧ ЗА НАС

Секако дека од искусниот Буњамин Шабани и овојпат очекуваме многу. Офанзивниот играч за врска треба да одигра на своено ниво, па заедно со Ибраими и Радески барем еднаш да ја затресат мрежата на домашниот состав за да биде многу полесно.

Шабан за „Спортспорт“ во пресрет на вечерашниот дуел истакнува:

Многу, многу важен меч за нас. Сите сме свесни дека нема да биде лесно, ќе биде многу потешко од оној прв меч во Охрид на кој славевме со 1:0. Да, имаме предност, но тоа не мора ништо да значи. Ние мораме да одиграме максимално квалитетно, максимално дисциплинирано, борбено, агресивно, секоја шанса да ја користиме. Само така можеме да очекуваме да се пласираме во следната фаза во ова натпреварување“ заврши Шабани.

ПретходноЧелзи ќе има нов дефанзивец – го купува за 45 мил.евра од Монако
СледноНашиот тим го чека навивачки пекол во Софија, Левски ги продаде сите билети за мечот со Шкупи