Наскоро Ренова повторно со прв тим?!

1641

Се чини дека еден ФБ статус на Халим Ходаи, еден од тренерите во младинските екипи на Ренова, ја “загреа“ работата дека Ренова повторно, по една година пауза, ќе има прв тим.

Да потсетиме дека лани ова време некогашниот шампион и освојувач на Купот, и официјално се откажа од ПМФЛ и го расформира првиот тим. Остана само со младинската школа. А познато е дека со новиоТ спорски комплекс во Џепчиште, тие имаат одлични услови за работа и развој.

Е, сега проблем е тоа што младинската екипа на Ренова не може да се натпреварува во својата конкуренција, ако нема прв тим, такви се правилата на ФФМ.

И сега Ренова ќе мора да формира и прв тим од младинците и ќе почне да се натпреварува тој прв тим од најнизок ранг.

Барем такви се најавите. А ќе видиме дали истите ќе се остварат.

А еве што напиша на својот ФБ профил Халим Ходаи…

Наш приоритет ќе бидат талентите на Академијата. Нашите деца од Тетово и околината ќе имаат многу простор да се развијат во истакнати фудбалери. Нашите таленти во ДАНА-КУП предводена од тренерот Елмаз Синани и освојувањето на првото место докажаа дека имаме многу талентирани деца. КФ Ренова ги отвора вратите и им дава можност на талентите да се докажат во сениорска категорија“...

ПретходноСилекс донесе стопер од Србија
СледноУЕФА го казни Левски со 40.000 евра за провокациите и скандирањата во Скопје