Вечерва од 21 часот на Градскиот стадион во Подгорица, Струга ТЛ му гостива на Будуќност во реванш меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Првиот меч во Охрид заврши со триумф на нашиот шампион со 1:0.
Стратезите на двата тима, Младен Милинковиќ (Будуќност) и Шпетим Дуро (Струга ТЛ) на нешто повеќе од еден час ги објавија стартните состави.
За Будуќност ќе настапат:
Павличиќ, Секуловиќ, Ѓуричковиќ, Аџиќ, Игњатовиќ, Брновиќ, Мирковиќ, Аџиќ, Гашевиќ, Перишиќ, Грбиќ.
Додека за нашиот евро претставник ова се стартните единаесет:
Ќосевски, Незири, Радиќ, Кривањева, Малиќи, Бојку, Шабани, Згуро, Мазрекај, Ибраими, Радески.
Судија на овој меч е Дејвид Монро од Шкотска.