Азер Омерагиќ е најновото и големото засилување во нападот на Вардар. „Детето“ на Вардар се врати дома, во својот Вардар.
Со својата младост, има само 21година, преку Хајдук, Борец, Шкупи и Скопје, ете го повторно во нападот на нашиот најтрофеен клуб.
Младиот и одличен напаѓач минатата сезона, во дресот на “пиратите“ и тоа како покажа дека е екстра напаѓач за своите години и дека сега од него се очекуваат голови на радост на “Комити“ и сите фанови на Вардар.
“Добредојде Азер“ тоа е порака од Вардар.
Инаку Омерагиќ е петтото засилување за нашиот најтрофеен клуб во овој летен преоден рок.