Стојановиќ поведе 17 ракометари за Ријека!

200

Македонската кадетска ракометна репрезентација утре ја почнува својата мисија на Светското првенство чиј домаќин е Хрватска. Нашите момци веќе отпатуваа за Ријека, а селекторот Раде Стојановиќ одбра 17 ракометари.

Македонија на стартот (02.08) ќе ги одмери силите со Норвешка, два дена подоцна ќе игра против Црна Гора, додека на 5 август е последниот меч од групната фаза, кадетите ќе играат против Грузија.

Во главната фаза од натпреварувањето продолжуваат најдобрите две репрезентации од групата, а групата Ф вкрстува со групата Е во која се репрезентациите на Данска, Австрија, Чиле и Мексико.

Во Президент Куп од натпреварувањето продолжуваат трето и четвртото пласираната репрезентација во групата, а групата Ф вкрстува со групата Е во која се репрезентациите на Данска, Австрија, Чиле и Мексико.

Претходно“Бомбоњера“ го расплака Кавани (ВИДЕО)
СледноЧави со еден пример сe обидел да го убеди Дембеле да остане!