Фабињо им се придружи на Бензема и Канте во Ал Итихад

67

Актуелниот шампион на Саудиска Арабија, екипата на Ал Итихад продолжува да ги засилува своите редови. По ангажманот на Карим Бензема, Нголо Канте и Жота, екипата од Џеда е посилна за уште еден фудбалер – дефанзивецот Фабињо.
Бразилецот доаѓа од редовите на Ливерпул, а Ал Итихад за неговите услуги плати 46 милиони евра. Фудбалерот потпиша договор до јуни 2026 година.
Тој е и најскапото засилување на Ал Итихад во историјата.

ПретходноШкендија ja потврди разделбата со Иса, Османи и Јонузи
СледноЕкс-репрезентативецот на Англија најде клуб – по 17 месеци пауза пак во „акција“