Еден од најпопуларните аргентински клубови Велез Сарсфилд е во центарот на вниманието откако најекстрамните навивачи на клубот преземаа насилнички мерки кон раководството и фудбалерите по поразот од Хуракан со 1:0 во неделата.
„Дојдовме на стадионот да си ги земеме автомобилите и да си одиме дома. Таму дојдоа од групата „Бара Брава“. Ме удрија два пати. Се исплашив. Соиграчите не сакаа да си одат дома затоа што се плашеа да не бидат следени од насилниците“, изјави играчот на Велез, Џанлука Престиани.
„На едниот му викаа да излезе од автомобилот инаку ќе му пукаат во нозете“, додава Престиани.
Дел од навивачката група влегле во клупските простории. Турканици, навреди, фрлање со камења, столчиња. Барале да се пресметаат со раководителите на клубот за кои сметаат дека се виновни за лошите резултати. Велез е во опасност да испадне од лигата, има два бода повеќе од oпасната зона по 27 кола. Навивачите не можат да поднесат како од шампионски клубот се најде во ситуација да стравува за опстанокот во најсилната аргентинска лига.
Во клубот за три месеци ќе треба да се одржат и нови избори.
Así esta la sede de Vélez tras la manifestación de sus hinchas pic.twitter.com/bcFMvmu1Xx
— En el VAR (@EnElVar) July 31, 2023