Шверцери: Бугарските кукавици ни забранија гостување во Софија, затоа денеска од 19:00 сите на трибина

1227

Откако излезе информацијата дека мечот во четврток помеѓу Левски и Шкупи, реванш дуелот од второто квалификациско коло од Конференциската лига ќе биде проследен со исполнет капацитет од страна на домашните навивачи, пристигна и реакцијата на Шверцерите, навивачите на Шкупи.

Тие се гневни што Бугарските власти не дозволија нивно гостување, нешто што Македонските го дозволија за навивачите на Левски па едноставно противникот го окарактеризираа како кукавица.

„Со оглед на фактот што Бугарските кукавици не ни дозволија гостување во Софија, ајде денеска од 19:00 часот да ги испратиме нашите хероји на најдобар можен начин пред овој голем натпревар за нас. Сите на трибина за Шкупи“ – се вели во краткото соопштение на навивачите на Шкупи.

ПретходноМакедонија У19 со две домашни контроли против Грузија
СледноДимитријевиќ: Наша крајна цел секако е турнирот во Полска