Она што кружеше низ јавноста изминатите денови, денеска доби и официјална потврда. Поранешниот македонски шампион Шкендија ќе добие нови функционери во спортскиот сектор откако клубот од Тетово се раздели со Харун Иса, Скендер Јонузи и Ибраим Османи.
„На челниците на клубот им е жал за ваквиот епилог, бидејќи желбата и идејата беше Шкендија да се издигне на посакуваните нивоа со личности со богато фудбалско минато во Тетово. За жал, работите не тргнаа според планираното кон исполнување на целите“, се вели во објавата на клубот.
Овој потег доаѓа по катастрофалниот настап во Европа и елиминацијата уште на стартот.