Шпетим Дуро, стратегот на Струга ТЛ, како и секогаш, така и сега не сака да се расфрлува со изјави. Во пресрет на вечерашниот реванш меч од двомечот меѓу Будуќност и Струга ТЛ, од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, тој изјави:
“Секако дека со голем интерес го очекуваме вечерашниот реванш со Будуќност. Очекувам добар настап на Струга ТЛ и вечерва во Подгорица, како што беше тоа на минатите три средби ова лето во Европа. Да, имаме позитива, и тоа благодарение на победата од 1:0 од првиот меч кој се одигра во Охрид минатата недела. Но ова е друг натпревар, ова се нови 90 минути, мораме да бидеме фокусирани. Не смееме да мислиме на тие 1:0 од Охрид, реков дека ова е сосема друг меч“ рече покрај другото стратегот на нашиот шампион Шпетим Дуро.
Да потсетиме натпреварот започнува од 21 часот а се игра на Градскиот стадион во Подгорица.