Уф, каков меч одигра вечерва Струга ТЛ во Подгорица. Голеада, седум голови и на крај 3:4 за гостите од Македонија. Триумф кој ќе се памети, а ќе се памети и фантастичниот настап на Марјан Радески, кој со хет – трик го потопи Будуќност за пласман во следната фаза во квалификациите во Лигата на Конференции.
Уште еднаш…Браво за Струга ТЛ…
И по мечот се разбира славје и победничко селфи од соблекувалната на стадионот во Подгорица.