И Шортс слета во Скопје, Јончевски прво го однесе на кафе „муабет“ (ФОТО)

796

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде комплетна во остатокот на подготовките за претквалификацискиот олимписки турнир во Талин. Селекторот, Александар Јончевски и неговите избраници се подготвуваат далеку од „очите“ на медиумите, тренинзите се затворени, па „важните“ добро одбрани информации се пласираат на официјалната страница на КФСМ.

Вчера, за првпат видовме фотографии од тренинзите, секако благодарение на приклучувањето на лидерите, Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ. Составот ќе биде комплетиран денеска, во Скопје слета и Ти-Џеј Шортс, кој прво беше на кафе со селекторот, а потоа ќе има шанса да се види со соиграчите.

Потегот за затворени тренинзи го прави овој спорт уште повеќе неатрактивен од она што веќе е. Кошаркарите долго време се борат во претквалификации, а најновата тактика за успех се далеку од „очите“ на медиумите.

ПретходноАндоновски и САД се „протнаа“ во нокаут фазата
СледноКрстевски и Робев ги обновија договорите, Младеновски се врати во МЗТ