Интер го совлада ПСЖ со два брзи гола во финишот (видео)

217

Екипата на Интер славеше победа над Пари Сен Жермен со 2:1 во пријателски натпревар одигран на Националниот стадион во Токио, Јапонија. „Светците“ поведоа во 63 минута со голот на Витиња (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ), меѓутоа италијанскиот тим го сврте резултатот во своја полза во финишот на мечот.
Во 81 минута Себастијано Еспосито го изедначи резултатот (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ), а две минути подоцна Стефано Сенси по 120 секунди откако влезе на теренот донесе водство од 2:1 и триумф (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ). И во двете ситуации асистираше Фратези.
Ова е втора победа на Интер во подготвителниот период. Славеше со 10:0 над Перголетесе и одигра 1:1 со Ал Наср. А ПСЖ го доживеа вториот пораз по оној од Осака со 2:3.

Претходно“Флекс Кредит ја оддржа III-тата Национална Трговска Конференција”
СледноПромоција: Азер Омерагиќ во дресот на Вардар! (ФОТО)