Маестро Радески со хет-трик го “поздрави“ Будуќност и ја однесе Струга ТЛ на мегдан со Есперанж…(ВИДЕО)

1717

Будуќност – Струга ТЛ 3:4 вечерва во реваншот во Подгорица или севкупно 3:5. Ете така се игра во Европа. Браво, браво,браво за храбрата Струга ТЛ. Но најголемо БРАВО за Марјан Радески кој одигра фантастичен меч во Подгорица,постигна хет-трик и ја однесе Струга ТЛ на мегдан во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции против Есперанж од Луксембург.

Какво прво полувреме? Супер интересно во Подгорица. Прво Ибраими во 1.минута за малку не го совлада домашниот голман Павличиќ. Потоа Ѓуричковиќ во 7.минута со ефектен гол, со петта успеа да ја изненади целата одбрана на Струга ТЛ и да му донесе водство на својот тим за радост на домашните фанови.

Сепак тука е Марјан Радески, прво во 11.минута со мајсторски гол со глава носи 1:1, за да потоа во 45+3.минута убаво се снајде и му донесе водство на нашиот тим.

И кога сите помисливме дека Струга ТЛ на пауза ќе оди си водство, сепак во 45+9.,минута, зошто ли се играше толкаво продолжение, Аџиќ со прекрасен шут од слободен удар го овлада Ќосевски за 2:2 или севкупно 2:3, резултат со кој заврши првиот дел.

Да потсетиме дека Струга ТЛ на првиот меч победи со 1:0 па и овие 2:2 ја носат во 3.квалификациско коло во ЛК.

ИБРАИМИ “БОМБАРДИРА“ ЗА 2:3,РАДЕСКИ СО ХЕТ-ТРИК ЗА 2:4

Второто полувреме го “отвори“, а кој друг, Марјан Радески со убав шут со глава, но сепак непрецизен. Засега нема ништо од хет-трик.

Во 53.минута Будуќност опасно се закани, сите ја видоа топката во мрежата на Ќосевски, но сепак во последен момент расчистена беше ситуацијата.

Нема потреба да опишуваме дека во тие моменти се играше борбено, се даваше максимумот од двете страни. Будуќност атакуваше кон голот на Ќосевски, но Струга ТЛ одлично и храбро се бранеше.

Тогаш на сцена стапи Бесарт Ибраими кога во 66.минута со супер гол успеа да донесе ново водство на Струга ТЛ, голманот на Будуќност беше немоќен.

Ете, тоа го чекавме од “бомбардерот“ Ибраими.

И тоа не е се. Марјан Радески во 74.минута со уште еден, трет гол успева да и донесе на Струга ТЛ од 2:4.

Во 82.минута Секуловиќ стрелаше за 3:4.

2.квалификациско коло во ЛК (реванш)

БУДУЌНОСТ – СТРУГА ТЛ 3:4 (2:2)

Градски стадион во Подгорица. Судија. Дејвид Монро (Шкотска). Стрелци: Ѓуричковиќ 7., В. Аџиќ 45+9, Секуловиќ 82. (БУД), Радески 11., 45+3., 74., Ибраими 66. (СТР). Ж. Картони: Грбиќ, Игњатовиќ (БУД), Незири (СТР).

БУДУЌНОСТ:Павличиќ, Секуловиќ, Ѓуричковиќ, Аџиќ, Игњатовиќ, Брновиќ, Мирковиќ, Аџиќ, Гашевиќ, Перишиќ (59. Мрваљевиќ), Грбиќ.

СТРУГА ТЛ: Ќосевски, Незири, Радиќ, Кривањева, Малиќи (70. Таири), Бојку, Шабани, Згуро, Мазрекај (25. Укпа), Ибраими (79. Јахја), Радески (79. Јаровиќ).

ПретходноФанови ги тепаа играчите на популарниот аргентински клуб и се закануваа дека ќе ги убијат
СледноНа шампионот сега му се смешка и плеј-офот во ЛК!