Крстевски и Робев ги обновија договорите, Младеновски се врати во МЗТ

128

МЗТ Скопје потврди дека го обнова на договорите на Бојан Крстевски и со Дамјан Робев како и ангажманот на Љубомир Младеновски го комплетирал ростерот за новата сезона во која ќе ја брани двојната круна на Македонија.
Крстевски петта година по ред ќе биде во тимот, а Роблев е трета сезона во сино-белиот дрес. Младеновски се враќа во МЗТ каде што настапуваше во периодот меѓу 2013 и 2017 година и потоа во сезоната 2018/19. Тој доаѓа од редовите на Пелистер, а претходно играше за Работнички и словенечка Илирија.

Македонската тројка го заокружи тимот од 12 кошаркари на кои ќе смета тренерот Васко Атанасов за претстојната сезона, меѓу кои се уште браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоновски, Марин Петков, Марко Миловановиќ, Србинот Душан Танасковиќ, Хрватот Марко Баковиќ и Американците Седрик Расел и Ејасу Ворку. Дел од екипата ќе бидат и неколкумина од нашите најталентирани млади кошаркари, предводени од Бојан Величковски, кои по потреба ќе бидат вклучувани во ростерот за средбите од домашните натпреварувања и АБА2-лигата.

ПретходноИ Шортс слета во Скопје, Јончевски прво го однесе на кафе „муабет“ (ФОТО)
СледноШкендија ja потврди разделбата со Иса, Османи и Јонузи