Македонската кадетска ракометна репрезентација утре ја почнува својата мисија на Светското првенство чиј домаќин е Хрватска. Нашите момци веќе отпатуваа за Ријека, а селекторот Раде Стојановиќ одбра 17 ракометари.
Македонија на стартот (02.08) ќе ги одмери силите со Норвешка, два дена подоцна ќе игра против Црна Гора, додека на 5 август е последниот меч од групната фаза, кадетите ќе играат против Грузија.
Во главната фаза од натпреварувањето продолжуваат најдобрите две репрезентации од групата, а групата Ф вкрстува со групата Е во која се репрезентациите на Данска, Австрија, Чиле и Мексико.