Францускиот интернационалец Осман Дембеле се уште е член на Барселона бидејќи ПСЖ не успеа да ја активира неговата откупна клаузула од 50 милиони евра, а од полноќ таа бројка сега е двојно поголема.
Чави Хернандез не крие дека сака да го задржи Дембеле во тимот, а на синоќешната средба со една реченица му објасни на Французинот зошто не треба да оди во ПСЖ.
„Помисли само што му се случи на Нејмар кога отиде во ПСЖ, погледни во ваква ситуација е“, неофицијално ова се зборовите на Чави на средбата со Дембеле.
Сепак, Мундо Депортиво пишува дека Барса и ПСЖ уште денеска ќе започнат преговори за Дембеле за да се обидат да се договорат за цената на Французинот.