Еден од најголемите пресврти во светот на тенисот се случи денеска и тоа во Кицбил. Имено домашниот тенисер Себастијан Офнер на мечот со Алекс Молчан од Словачка загуби веќе добиен меч.
Првиот сет Офнер го доби со 6:4 во гемови, во вториот водеше со неверојатни 5:0, имаше и две меч топки, и на крај го загуби мечот.
Следувше нестварен пад во играта на домашниот тенисер, а тоа го искористи Словакот и на крај победи. Прво во вториот сет доби седум гемови по ред за 7:5 и за 1:1 во сетови, за да третиот сет успеа да го добие со 7:6 во тај-брејкот за конечни 2:1 и победа.
Зарем е можно ова чудо да се случи?
Ете, се случи денеска во Кицбил.