Лионел Меси со вето за Серхио Рамос!

833

Серхио Рамос и Лионел Меси беа соиграчи во ПСЖ, но реалноста е дека тие никогаш не ги „закопаа секирите“ од бројните дуели помеѓу Реал и Барселона. Токму Шпанецот не покажа милост, а Аргентинецот конечно го дочека моментот да се одмазди.

Според шпанскиот весник „Ел Национал“, Лионел Меси јасно му ставил до знаење на Интер Мајами дека не го сака својот поранешен соиграч од ПСЖ во тимот.

Освен Меси, на идејата за потпис на поранешниот капитен на Шпанија и Реал Мадрид ставиле вето и Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Рамос бара клуб, а приклучувањето на Меси во Мајами веќе е минато, а може да се каже дека Аргентинецот конечно се одмазди.

Еден од најдобрите стопери во историјата има потешкотии да најде нов клуб. Наводно и тој сакал да премине во Севиља каде ја започнал кариерата, но бил одбиен.

Галатасарај покажа интерес да го ангажира 37-годишниот, турскиот гигант испрати официјална понуда, но Рамос одби да потпише. Тој се поврзува и со Лос Анџелес во МЛС-лигата.

ПретходноОфицијално: Ти-Џеј Шортс е нов член на Париз! (ВИДЕО)
СледноЗарем е можно: Водеше со 5:0 во вториот сет, имаше две меч топки и на крај загуби!