Македонската кошаркарска репрезентација е комплетна. Селекторот, Александар Јончевски на располагање ги има сите кошаркари, последен во стројот се приклучи Ти-Џеј Шортс. Американецот со македонски пасош добро ги познава момците, а за првпат ќе настапи заедно со Ненад Димитријевиќ. Овие двајца кошаркари заедно со капитенот, Војдан Стојановски ќе бидат ударното трио на Македонија на претстојните претквалификацисии за ОИ.
Мило ми е што се вратив во репрезентацијата, екипата и селекторот ми посакаа добредојде и со нетрпение очекувам повторно да го облечам дресот на националниот тим. На секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се обидеме да напредуваме“, вели американскиот бек по првиот одработен тренинг во подготовките.
Еден од најдобрите плејмејкери во Европа, во овој момент, смета дека добра работа е што тимот претставува микс на искусни, но и млади, талентирани кошаркари:
„Добро е тоа што во тимот имаме искусни кошаркари и млади, талентирани играчи кои носат енергија. Кога ќе се спојат тие две работи, секогаш придонесуваат за добра атмосфера во репрезентацијата. Треба само да продолжиме да тренираме заедно, да дадеме се од себе и успехот ќе дојде“– дополнува Шортс.