Нигериски интернационалец ја засили Воска

379

Новиот македонски прволигаш Воска спорт се пофали со уште еден фудбалер, се работи за нигерискиот интернационалец Сикиру Олатунбосун кој доаѓа како слободен фудбалер по истекот на договорот со турскиот Тузласпор.

Сикиру покрај Тузласпор играл и за локалните Менеменспор и Анкараспор, а исто така играл и за египетски Шмуха и за нигериските Плато Јунајтед и Риверс Јунајтед.
Тој успешно ја поминал пробата во Воска, одиграл два пријателски меча и постигнал два гола. Тој ставил потпис на договор на две години.

ПретходноЗарем е можно: Водеше со 5:0 во вториот сет, имаше две меч топки и на крај загуби!
СледноПродажбата на Манчестер Јунајтед во моментов е со „статус кво“