Победи на Стоилковска, Србљак и Ѓорческа…

170

Убави вести за успесите на нашите тенисери. Прво Магдалена Стоилковска со голем пресврт успеа да ја победи втората носителка на турнирот во Савитаипале (Финска), Веронијка Башак од Полска со 2:1 во сетови.

Горазд Србљак на турнирот во Нови Сад, во првото коло, славеше против Никола Јовиќ со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:0 беше во гемови.

Лина Ѓорческа продолжи со својата добра форма на турнирот во Хешинген, таа во двојки со Фомина-Клоц од Русија успеа да слави на стартот со 2:0 во сетови против Дражиќ од Хрватска и Вагнер од БиХ. Во гемови беше 6:3 и 6:3.

ПретходноБаерн го “реши“ Ливерпул, младиот Крациг во 90+1 минута постигна фантастичен гол! (ВИДЕО)
СледноЏиџи објави дека е готово: Тоа е се, народе! (ВИДЕО)