Во екот на преговорите дали во клубот ќе останат Виктор Осимен односно Квича Кварацкелиа, Наполи решава други отворени прашање. Џакомо Распадори потпиша нов петгодишен договор со кој што дефинитивно останува во Наполи до јуни 2028 година.
Распадори учевстуваше во титулата на Наполи со пет гола и шест асистенции.
Тој пристигна минатото лето на позајмица од Сасуоло за 5 милиони евра со задолжителна откупна клаузула за уште 26 милиони евра. Одделно се вклучени бонуси за уште до 4 милиони евра.