Ристовски и Динамо славеа и во Астана, сега на ред е АЕК!

101

Она што се очекуваше и се случи. Стефан Ристовски и неговиот Динамо Загреб попладнево славеа и кај Астана на гости, во реванш средбата од 2.квалификациско коло во ЛШ, со 0:2 и со тоа ставија печат севкупниот триумф ако се знае дека и на првиот меч во Загреб победија со 4:0.

Ристовски ги одигра сите 90.минути, а стрелци на головите за “модрите“ беа Емрели во 24. и Марин во 89.минута.

Па така сега и официјално Динамо си закажа двомеч во третата рунда со АЕК од Грција.

Да споменеме дека на овој меч за Астана настапи и Дембо Дарбо, некогашниот фудбалер на Шкупи.

ПретходноФеникс 2010 го промовираше Шакур Даниел!
СледноПроблеми за селекторот Јончевски, Ефремовски со мини – фрактура, повреден е и Младеновски!