Македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010 година промовираше уште еден американски играч. По Шакур Даниел кој ги покрива бековските позиции, нов кошаркар е Џо Рис кој ја покрива крилната позиција и доаѓа од Универзитетот Дукејн каде во НЦАА првенството имал просек од 9,6 поени, 4,7 скокови и 1,3 асистенција на 29 натпревари.
Тој е четвртиот странец затоа што Феникс ги има уште Деандре Томас и Кејлех Стивенс.