Арслан не беше на пресот а Шкупи со порака од Софија: Овде не дојдовме на екскурзија!

302

Што се случува во таборот на Шкупи? Имено попладнево на пресот во пресрет на утрешниот меч со Левски Софија, сратегот на чаирчани Чихат Арслан не беше на пресот.

Навистина чудно. Место неге беше неговиот помошник Февзи Љаиќ.

Нема да ни биде лесно по тие 0:2 од Скопје. Сепак ние овде не дојдовме на екскурзија. Ќе се обидеме да ги искористиме сите наши шанси, ќе дадеме се од себе да се претставиме во што подобро светло. Сум видел многу во фудбалот, овој резултат од првиот меч не е пријатен за нас пред утрешниот меч, но ќе дадеме се од себе да го заштитиме името на Македонија и на Шкупи“ рече покрај другото Љаиќ.

ПретходноПроблеми за селекторот Јончевски, Ефремовски со мини – фрактура, повреден е и Младеновски!
СледноТренерот на Левски: Се надевам дека нема да има инциденти!