Во водите на Охридското Езеро денеска се одржа традиционалниот мал пливачки маратон, познат како „Илиндински куп“. На патеката во должина од 2,5 милометри од Горица до Охрид, во фото финиш триумфираше истакнатиот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев од ПК „Вардар 2018“, со време 29:02:71 минути, пред неговиот клупски колега Никола Ѓуретановиќ кој на целта стигна со време 29:02:98. Третото место во машка конкуренција го освои Кристијан Стојановски со време 29:23:46.
„Езерото беше прекрасно денеска. Одлична трка. Моја прва по 1999 година, но се чувствувам возбуден. Одлучи фото финиш меѓу мене и Никола, конкуренцијата беше силна, а ќе биде уште посилна во иднина бидејќи доаѓаат нови генерации одлични пливачи“. – изјави по трката победникот Евгениј Поп Ацев.
FOTO Ohrid news