Зарем е можно: Водеше со 5:0 во вториот сет, имаше две меч топки и на крај загуби!

630

Еден од најголемите пресврти во светот на тенисот се случи денеска и тоа во Кицбил. Имено домашниот тенисер Себастијан Офнер на мечот со Алекс Молчан од Словачка загуби веќе добиен меч.

Првиот сет Офнер го доби со 6:4 во гемови, во вториот водеше со неверојатни 5:0, имаше и две меч топки, и на крај го загуби мечот.

Следувше нестварен пад во играта на домашниот тенисер, а тоа го искористи Словакот и на крај победи. Прво во вториот сет доби седум гемови по ред за 7:5 и за 1:1 во сетови, за да третиот сет успеа да го добие со 7:6 во тај-брејкот за конечни 2:1 и победа.

Зарем е можно ова чудо да се случи?

Ете, се случи денеска во Кицбил.

ПретходноЛионел Меси со вето за Серхио Рамос!
СледноНигериски интернационалец ја засили Воска